ПРВ.мк
Сцена

Девојката на Леонардо ДиКаприо, повторно предизвика внимание со топлес фотографии

Девојката на Леонардо ДиКаприо, повторно предизвика внимание со топлес фотографии

Викторија Черети (27), девојката на Леонардо ДиКаприо, повторно привлече внимание со објавување на нови фотографии на Инстаграм. На една од нив, таа позираше топлес покрај базен, со пијалок во рака. Италијанската манекенка ја врза косата во едноставна пунџа, а на своите речиси два милиони следбеници им покажа низа други фотографии од летните денови: од одмори на јахта до вечерни излегувања во елегантни комбинации. Во описот на албумот кратко напиша: „Пронајдете ме на сонце“.

Виторија го поминува летото во друштво на ДиКаприо. Во јуни, двојката беше меѓу гостите на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез, а потоа уживаа на јахта во Сен Тропе. Иако се заедно малку повеќе од една година, веќе се појавија гласини за свршувачка, но блиски извори тврдат дека сè уште нема прстен.

ДиКаприо, кој наполни 50 години во ноември, неодамна даде ретко интервју за својот приватен живот. Во интервју за Esquire UK, тој призна дека откако наполни педесет години, повеќе нема време за губење: „Сакам да бидам поискрен и не мислам дека има смисла да се губи време. Подобро би ризикувал врската да се распадне отколку да се преправам или да молчам“.

Холивудскиот актер, кој често беше критикуван за неговите врски со помлади девојки, додаде дека сега сака да биде подиректен: „Тоа е и одговорност, имам повеќе живот зад мене отколку пред мене, па затоа морам да кажам што мислам“.

ДиКаприо претходно ги полнеше таблоидите со врски како петгодишната романса со Жизел Бундхен, Бар Рафаели и Камила Мороне, со која раскина во 2022 година. Неговата нова партнерка, Виторија, е една од најбараните модели денес и за прв пат беа видени заедно во август 2023 година. Виторија претходно беше во брак со италијанскиот диџеј Матео Милери, но бракот заврши во 2023 година.

Escape