ПРВ.мк
Република

Вториот блок на РЕК Битола повторно вклучен во електродистрибутивната мрежа

Вториот блок на РЕК Битола повторно вклучен во електродистрибутивната мрежа
Escape

Вториот блок на РЕК Битола од попладнево, точно во 18:18 часот, е повторно вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи со јавност на комбинатот.

По повеќедневни напори за санација на електро ормарот за управување на Блок 2, кој беше оштетен во пожарот на 18 јуни, овој блок сега е ставен повторно во функција и синхронизиран со мрежата.

Министерството за внатрешни работи ја истражува сомнежната саботажа поврзана со пожарот во РЕК Битола, а резултатите од истрагата се очекуваат наскоро.

Mia Home Mavrovo