Вистинска драма се одвивала на улицата „Прохор Пчински“ во Велес кога 23-годишен возач од Радовиш, пијан и без возачка дозвола, со „фолксваген“ влетал директно во куќа и завршил во дневната соба на семејството.
По несреќата, младиот возач побегнал, но брзо бил пронајден од полицијата на друга улица – „Јордан Џурнов“. Тестирањето покажало дека имал 1,92 промили алкохол во крвта. Среќна околност е што нема повредени, но причинета е голема материјална штета.
Случајот е пријавен, возачот е приведен, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување.
ВИДЕО