ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНО за македонските државјани: Амбасадата во ОАЕ објави информации за евакуација од овие земји!

ВАЖНО за македонските државјани: Амбасадата во ОАЕ објави информации за евакуација од овие земји!
Kristal

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) излезе со официјално известување до македонските државјани кои се наоѓаат во Бахреин и Кувајт, со детали за времето и начинот на нивната евакуација.

  • За македонските државјани во Бахреин: Евакуацијата е закажана за среда, 11 март, во 06:00 часот. Автобус на Flynas ќе ги превезе граѓаните од Манама до аеродромот King Khaled во Ријад, од каде со специјален лет организиран од Владата на Северна Македонија ќе се вратат во земјата.
  • За македонските државјани во Кувајт: Евакуацијата ќе се спроведе ноќта меѓу вторник и среда, 10 март, во 00:00 часот. Организиран автобус на Flynas ќе ги превезе граѓаните до аеродромот King Khaled во Ријад, каде исто така ќе се упатат со специјален владин лет кон Македонија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, нагласи дека процесот на евакуација на македонските граѓани од повеќе земји на Блискиот Исток е координиран и се очекува да биде завршен до крајот на неделата.

На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. Целта е да се обезбеди безбедна, навремена и организирана евакуација на сите македонски државјани во погодените подрачја.

Тој додаде дека ова е третата комплексна операција на ваков обем во последните 12 месеци, потврдувајќи дека Владата активно работи на заштита на граѓаните во услови на регионални кризи.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo