ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Девојка сакала да скокне од прозорец - уапсен маж за проституција

(ВИДЕО) Девојка сакала да скокне од прозорец - уапсен маж за проституција
Escape

Во мотел во Тетово вчера беше спречена вистинска трагедија, откако млада девојка се обидела да си го одземе животот. Како што информира Секторот за внатрешни работи Тетово, девојката стоела на работ од прозорецот и се заканувала дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во рака.

Полицијата реагирала по пријава од лицето Л.К., кој пријавил дека девојката одбива да го напушти мотелот. По пристигнување, полицајците насилно ја отвориле вратата од собата и интервенирале навреме за да ја спречат трагедијата.

Девојката веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде добила соодветна медицинска помош.

Интересен пресврт во случајот е што лицето кое ја пријавило ситуацијата, Л.К., е уапсено под сомнение за посредување во проституција. За време на акцијата, полесно бил повреден и еден полициски службеник.

Случајот е под истрага, а надлежните органи најавуваат дополнителни информации по целосното расчистување на околностите.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape