Полициски службеници од Тетово вчера во вечерните часови привеле 17-годишник, откако кај него биле пронајдени пет паковки со зелена тревкаста материја. Настанот се случил на улицата „155“ во населбата Дреновец околу 22:15 часот.
Малолетникот е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.









