ПРВ.мк
Македонија

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Камен пијан седнал зад воланот – двајца повредени!

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Камен пијан седнал зад воланот – двајца повредени!

На 2 април 2026 година, околу 17:48 часот, на регионалниот пат Берово – село Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили. Возилото „Форд“ управувано од Ѓ.А. (37) од Берово се судрило со „Шкода“ управувана од А.Г. (40).

Во несреќата, сопатникот во „Форд“-от, Џ.Д. (49), добил тешки телесни повреди, додека возачот на „Шкода“-та, А.Г., се здобил со телесни повреди. Двете лица се префрлени и прегледани во Општа болница Кочани.

Увидот покажал дека возачот на „Форд“ управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол – измерени му биле 1,46 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, Ѓ.А. е лишен од слобода, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава.