ПРВ.мк
Македонија

УАПСЕНА ЖЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци!

УАПСЕНА ЖЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци!

Вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А. (45), врз основа на потерница по судска наредба. Таа беше осудена на пет години и шест месеци затвор за сторено кривично дело според член 190 и член 45 од Кривичниот законик.

По апсењето, осудената жена е спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната.