ПРВ.мк
Македонија

Меѓународна акција разоткри педофилска мрежа: Од Македонија до Австралија!

Меѓународна акција разоткри педофилска мрежа: Од Македонија до Австралија!

Меѓународна истрага за онлајн педофилија доведе до откривање на случај и во Битола, каде што е идентификуван 31-годишен осомничен по дојава од Австралија.

Акцијата е спроведена од Министерство за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Битола, при што биле извршени претреси на седум локации. Против едно лице е отворена истражна постапка.

Осомничениот, кој бил вработен во образовна институција, се товари за производство и дистрибуција на материјали со детска порнографија. Според истрагата, во периодот од април 2024 до април 2026 година, на компјутерска опрема во својот дом набавувал и поседувал вакви содржини.

До Основен суд Битола е поднесен предлог за определување мерка притвор, додека истрагата продолжува.

Случајот е дел од поширока меѓународна операција, иницирана од австралиската федерална полиција, која открила мрежи и веб-страници поврзани со злоупотреба на деца. Во рамки на акцијата биле идентификувани и корисници од Македонија преку нивните ИП адреси.

По добиените информации, македонските институции, вклучително и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, започнале координирана истрага со претреси и во други градови, со цел целосно расчистување на случајот.

Најнови вести