ПРВ.мк
Македонија

Македонија има најниска минимална плата меѓу земјите од поранешна Југославија!

Македонија има најниска минимална плата меѓу земјите од поранешна Југославија!
Escape

Во земјите на поранешна Југославија, најмалку за минимална плата се исплаќува во Македонија, каде што нето износот изнесува само 397 евра. Според пресметките на српскиот весник „Нова економија“, минималната плата во Македонија е речиси 600 евра пониска од онаа во Словенија, која е лидер во регионот.

Од октомври годинава, минималната плата во Србија ќе биде 58.630 динари, односно приближно 500 евра, со план до 2028 година да порасне на 650 евра. И покрај тоа, таа ќе остане пониска од минималните плати во поекономски развиените земји од поранешна Југославија, а Македонија најверојатно ќе остане на дното на листата.

Словенија предводи со минимална бруто плата од 1.278 евра, која важи од јануари годинава. Нето износот изнесува меѓу 900 и 930 евра. Во мај 2025 година, просечната нето плата во Словенија изнесувала 1.592 евра, што претставува зголемување од 5,2% во однос на истиот месец минатата година.

Во Хрватска минималната бруто плата од почетокот на 2025 година е 970 евра, додека нето платата е околу 750 евра. Просечната нето плата се движи од 1.390 до 1.450 евра.

Во Босна и Херцеговина минималната плата изнесува 1.000 конвертибилни марки, односно 511 евра, додека просечната нето плата во април била 1.545 конвертибилни марки, што е приближно 790 евра.

Црна Гора е на исто ниво со Србија, со минимална плата од 450 евра. Просечната нето плата во таа земја е 1.062 евра, според Управата за статистика на Црна Гора.

Во Македонија, минималната бруто плата е 584,5 евра, додека нето износот е 395 евра, што ја става на најниско место меѓу сите поранешни југословенски држави.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape