ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци го одбележа Светскиот ден на Ромите со признанија за ученици и поддршка за младите

Општина Кавадарци го одбележа Светскиот ден на Ромите со признанија за ученици и поддршка за младите

По повод Светскиот ден на Ромите, во Кавадарци беше организиран настан посветен на образованието, успехот и мотивацијата на младите. Новоформираното здружение „Институт за истражување, развој и инклузија“, во соработка и со поддршка од Општина Кавадарци, додели признанија на ученици од основните и средните училишта кои покажале труд, редовност и напредок во образовниот процес.

Признанијата беа врачени како потврда за нивната посветеност во наставните активности и успехот постигнат во текот на учебната 2025/2026 година. Со овој чин беше испратена силна порака дека вложувањето во образованието е најважната основа за личен развој и подобра иднина на младите генерации.

На настанот се обратија градоначалникот на Општина Кавадарци и советничката Емилија Василева Ивановска, кои ја потенцираа важноста од континуирана поддршка на учениците и создавање услови за нивен напредок, вклученост и мотивираност.

Во рамки на одбележувањето беше организиран и фудбалски турнир за учениците од ДАГ Ваташа, каде што во спортски дух беа доделени пехари и признанија за најдобрите екипи. Настанот уште еднаш покажа дека преку образование, спорт и заедничка поддршка се градат вистински вредности и се отвора простор за нови успеси кај младите во Кавадарци.