ПРВ.мк
Македонија

Роденденско тркало на среќата со Escape Travel – сврти и добиј до 8000 денари попуст за патување

Роденденско тркало на среќата со Escape Travel – сврти и добиј до 8000 денари попуст за патување

По повод својот роденден, туристичката агенција Escape Travel подготви атрактивна кампања која веќе предизвикува голем интерес кај љубителите на патувања. Со уникатно „тркало на среќата“, клиентите имаат можност да освојат дополнителни попусти од 500 до дури 8000 денари – и тоа на веќе намалени аранжмани.

Промоцијата се реализира во канцелариите на агенцијата, но и онлајн преку видео, овозможувајќи секој заинтересиран да учествува без разлика на локацијата. За да се активира шансата за добивка, потребно е да се резервира патување и да се изврши авансна уплата од 50 проценти.

Роденденското тркало е активно до 9 април, што значи дека заинтересираните имаат ограничено време да ја искористат оваа можност и да добијат дополнителен бонус за своето следно патување.

Од Escape Travel порачуваат дека ова е нивен начин да им се заблагодарат на клиентите за довербата, нудејќи им уште повеќе причини да го изберат токму нив за своите идни авантури.