ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА НА СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ: Малолетник тргнал во напад, а 23-годишник извадил пиштол и нож – еве што следело!

ДРАМА НА СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ: Малолетник тргнал во напад, а 23-годишник извадил пиштол и нож – еве што следело!

На 08.04.2026 во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 16-годишник од Куманово, по инцидент што се случил претходната вечер.

Според информациите, на 07.04.2026 околу 22:00 часот, на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, малолетникот се сретнал со М.Ѓ. (23) за да расчистат претходно недоразбирање. На местото биле присутни и неколку други лица.

Ситуацијата брзо ескалирала кога 23-годишникот извадил пиштол и нож, по што следел физички напад од страна на малолетникот.

По инцидентот, М.Ѓ. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување медицинска помош.

По целосно расчистување на случајот, надлежните најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести