ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци со засилени теренски активности за поуредени улици и подобра инфраструктура

Општина Кавадарци со засилени теренски активности за поуредени улици и подобра инфраструктура

Ј.П. Комуналец Кавадарци продолжува со засилена динамика на работа на терен, реализирајќи активности на повеќе локации низ градот со цел подобрување на урбаната средина и инфраструктурата.

Покрај редовните комунални обврски, во тек е и санирање на прокопи со асфалт на повеќе улици, со што се подобрува квалитетот на коловозите и се зголемува безбедноста во сообраќајот. Овие интервенции се особено значајни за нормално функционирање на секојдневниот сообраќај и за уредување на градските површини.

Со ваков координиран пристап и континуирана работа, Ј.П. Комуналец Кавадарци активно придонесува за создавање почист, поуреден и пофункционален град, со видливи резултати на повеќе фронтови.

Најнови вести