ПРВ.мк
Свет

ЕВРОПА НА РАБОТ НА АВИО-КРИЗА: Недостиг на гориво ја доведува во прашање летната сезона!

ЕВРОПА НА РАБОТ НА АВИО-КРИЗА: Недостиг на гориво ја доведува во прашање летната сезона!

Европските аеродроми се соочуваат со први знаци на сериозен недостиг на авионско гориво, особено во Италија, каде во Милано Линате, Болоња, Венеција и Тревизо се воведени ограничувања за полнење керозин. Ова значи дека приоритет добиваат медицинските, државните и долголиниските летови, додека останатите се со ограничена количина гориво – понекогаш само за помалку од еден час лет.

Цените на авионското гориво достигнаа речиси 195 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека Европа се движи кон неизбежен недостиг во следните месеци. Најранливи се земјите со ограничени резерви, додека авиокомпаниите веќе ги разгледуваат сценаријата за намалување на летови или промена на распоредите.

Доколку снабдувањето не се стабилизира, летната сезона може да биде сериозно нарушена, со помал избор за патниците, поскапи билети и доцнења.