Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје најави нова функционалност која им овозможува на патниците да ги надополнуваат своите картички за превоз онлајн, без потреба од физичко присуство или чекање во билетарниците.
Новата опција е достапна преку официјалната веб-страница на ЈСП, каде што корисниците можат со неколку клика да додадат средства или билети на својата картичка, користејќи мобилен телефон или компјутер. Претпријатието посочува дека процесот е едноставен и ќе помогне да се намалат редиците во билетарниците, во рамки на дигитализацијата и модернизацијата на јавниот превоз.
Иако оваа новина е добредојдена, таа доаѓа во време на вистинска криза со јавниот транспорт во Скопје, каде што граѓаните постојано се жалат на недостиг од автобуси и чести доцнења на линиите.

















