ПРВ.мк
Македонија

Почна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Општина Бутел

Почна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Општина Бутел
Kristal

Општина Бутел започна со реализација на нов инфраструктурен проект во населбата Скопје Север, каде што ќе се градат 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради со павер елементи.

Според информациите објавени од градоначалникот Дарко Костовски, со зафатот се опфатени пристапните влезови на станбените објекти на улиците Боро Менков, Лазо Москов, Гоце Стојчевски и Костурска. Со реконструкцијата, покрај подобрување на пристапноста за жителите, се очекува да се реши и долгогодишниот проблем со поплавување на влезовите на зградите.

Од Општина Бутел посочуваат дека активностите се одвиваат со засилена динамика, а проектите се реализираат согласно предвидените рокови и дадените ветувања кон граѓаните.

Локалната самоуправа најавува продолжување на инфраструктурните зафати и во наредниот период, со акцент на рамномерен развој на сите населени места во општината.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo