Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат земјата при прва можна и безбедна прилика, поради влошената безбедносна состојба.
Истовремено, МНР препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
За асистенција, министерството ги става на располагање следните контакти: 24-часовен СОС дежурен телефон +389 75 268 736 и е-маил [email protected]. Дополнително, државјаните можат да се обратат до Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон на телефон +1 (202) 758-7798 или e-mail: [email protected].
Граѓаните се повикуваат на внимателност и навремено преземање на мерки за сопствена заштита

















