ПРВ.мк
Црна Хроника

Малолетник уапсен во Тетово: Управувал „Форд“ без возачка!

Малолетник уапсен во Тетово: Управувал „Форд“ без возачка!
Kristal

На 22 јануари 2026 година, околу 23:40 часот, полициски службеници од ПС за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово.

Младото лице било сопрено на булевар „Илинденска“ додека управувало патничко возило „Форд“ со тетовски регистерски ознаки. При контрола било утврдено дека лицето е малолетно и дека не поседува возачка дозвола.

По наредба на јавен обвинител, малолетникот бил приведен, а возилото одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo