ПРВ.мк
Македонија

Голем спектакл на 1 Mарт во Македонија: Снаи и свекрви во центарот на вниманието!

Голем спектакл на 1 Mарт во Македонија: Снаи и свекрви во центарот на вниманието!
Kristal

Еден македонски град се подготвува за вистински традиционален спектакл! На 1 март 2026 година, Крива Паланка ќе биде домаќин на 16-тото издание на манифестацијата „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“ – настан што секоја година привлекува огромно внимание и бројни посетители.

Во дворот на црквата „Св. Теодор Тирон“ во селото Конопница, снаи кои склучиле брак меѓу двете Тодорови саботи ќе пристигнат придружувани од своите свекрви, облечени во раскошни традиционални носии. Симболиката е силна – почит, семејни вредности и зачувување на македонската традиција.

Манифестацијата, која е дел од нематеријалното културно наследство на регионот, се одржува под покровителство на Општина Крива Паланка, а во организација на РЗР „Патник“, со поддршка од локалните културни институции. Интересот е голем – учесници веќе се најавени од Крива Паланка, Велес, Кочани и Скопје, а се очекуваат гости и од Пијанец и од Јабланичкиот регион во Србија.

Посебна атракција ќе биде културно-уметничката програма. Публиката ќе ужива во настапот на познатата македонска фолк пејачка и водителка Андријана Алачки, придружувана од бендот „Синтезис“, предводен од виртуозот Гоце Димовски на кавал, зурла и гајда.

Настанот започнува во 13 часот, а организаторите очекуваат дворот на црквата да биде исполнет со љубители на традицијата, фолклорот и автентичната македонска атмосфера.

Овој 1 март, сите патишта водат кон Крива Паланка – каде снаите и свекрвите ќе приредат вистинско шоу за паметење.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo