Вечерва е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала во подрачјето на Елбасан, Албанија. Потресот бил почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид.
Според извештаите, земјотресот се случил во 20:06 часот на длабочина од 13 километри.
Епицентарот бил лоциран на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан.
Засега нема информации за причинета материјална штета.

















