Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес привеле 32-годишен велешанец поради сомнение за поврзаност со недозволена трговија со наркотични средства.
Акцијата била спроведена на 13 февруари околу 15:50 часот на подрачјето на Велес, кога бил лишен од слобода Н.Ц. (32). При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
По обезбедување судска наредба, полицијата извршила и претрес во неговиот дом. При претресот биле откриени дополнителна бела грутчеста материја, дигитална вага и одредена сума пари, за кои се сомнева дека потекнуваат од недозволена активност.
Сите пронајдени предмети се одземени и доставени на понатамошна анализа, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Од СВР Велес информираат дека продолжуваат со засилените контроли и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и оружје на подрачјето на градот и околината.

















