ПРВ.мк
Македонија

Европската комисија ги отфрли предлозите на превозниците - дали повторно следи затворање на границите?

Европската комисија ги отфрли предлозите на превозниците - дали повторно следи затворање на границите?
Kristal

Брисел ги отфрли сите предлози што земјите од Западен Балкан и транспортните здруженија ги испратиле за адаптација на Шенген правилото 90/180 за професионалните товарни возачи, пренесува Вијести. Поради ова, превозниците најавуваат дека во наредните денови би можеле да организираат нови протести, со можни блокади на гранични премини и пристаништа.

Превозниците барале:

  • посебна виза или документ за подолг престој и работа во ЕУ без промена на живеалиштето,
  • времето поминато на релации според патни налози да не се пресметува како престој.

Европските институции им одговориле дека предлозите „не се возможни“ и дека мора да се придржуваат на правилото 90 дена во 180. Алтернативата што им била понудена е виза од членка на ЕУ за престој подолг од 90 дена, но само во таа држава. Превозниците укажале дека такво решение би ги турнало кон долгорочен престој во ЕУ и би го зголемило ризикот да ја напуштат регионалната индустрија.

Според нив, компаниите од регионот би биле принудени да се пререгистрираат и да отворат канцеларии во ЕУ, што е долг и комплициран процес. Претседателот на работната група на ЕУ закажал нов состанок за две недели, но превозниците предупредуваат дека, ако се почне со построга примена на правилото во април, тие би можеле да работат најмногу десет дена месечно, што ќе ги направи неконкурентни во однос на европските превозници.

Ова прашање веќе предизвика блокади на товарни терминали кон ЕУ кон крајот на јануари, кога превозници од повеќе земји од Западен Балкан координирано ги стопираа премините, посочувајќи дека строгата примена на правилото 90/180 им го загрозува работењето.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo