ПРВ.мк
Македонија

Вонредни информации по обилните врнежи - еве колкави штети се направени и кои се најпогодени!

Вонредни информации по обилните врнежи - еве колкави штети се направени и кои се најпогодени!
Kristal

Центар за управување со кризи информира дека до 17:00 часот се регистрирани поплави и излевања на водотеци во повеќе региони во државата, по интензивните врнежи што ја зафатија земјата.

Во скопскиот регион, во Општина Сарај, поплавени се селата Буковиќ и Семениште. На терен интервенирале екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Дирекција за заштита и спасување. Активностите се насочени кон расчистување и одводнување за постепена нормализација на состојбата.

Во кумановскиот регион, во Општина Липково, реката Слупчанка се излеала во село Опае, при што е зафатен дел од населеното место. Излевање има и во атарот на село Оризаре, каде се поплавени земјоделски површини. Засега нема пријавени поголеми материјални штети, освен на обработливо земјиште, а во Кратово и Крива Паланка нема поплави.

Во тетовскиот регион, обилните дождови предизвикале зголемен водостој и проблеми со одводните канали. Регистрирани се свлечишта на патот Тетово – Џепчиште, кој е затворен за сообраќај, како и кон село Једуарце, каде сообраќајот е повторно воспоставен. На делницата Тетово – Попова Шапка се сообраќа отежнато, а од утринските часови важи забрана за тешки товарни возила и автобуси. Нема опасност од излевање на поголемите реки, а снабдувањето со струја и вода е стабилно.

Во гостиварскиот регион поплавени се куќи, подруми и стопански објекти во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште биле извлечени заглавени лица од поплавен објект. Во село Форино е регистрирано излевање на реката Вардар, со ризик за објекти во близина на мостот кон Тумчевиште. Ангажирана е механизација за расчистување на речното корито.

Во охридско-кичевскиот регион, во Охрид нема пријавени поплави, додека во Кичево по излевањето на Зајашка река поплавени се повеќе куќи и дворови, а дополнително се пријавени околу 30 зафатени домови. Извршена е евакуација на стари, изнемоштени лица и деца од поплавените објекти.

Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека состојбата се следи континуирано во координација со надлежните институции и дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот развој.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo