Македонија вечерва беше погодена од земјотрес кој предизвика вознемиреност кај граѓаните во повеќе региони.
Според податоците од телеметриската сеизмолошка мрежа, потресот е регистриран околу 22:05 часот, а епицентарот се наоѓал на околу шест километри од општина Теарце. Земјотресот јасно се почувствувал не само во северозападниот дел на земјата, туку и во соседните држави Косово, Србија и Албанија.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица, но надлежните институции ја следат состојбата и апелираат граѓаните да останат смирени и да ги следат официјалните известувања.

















