ЈП „Македонија пат“ информира дека од 16:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец село Лисец – Попова Шапка.
Претходно, АМСМ извести дека поради врнежи од снег, од 07:45 часот беше воведена забрана за тешки возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а од 05:45 часот изутрина важеше забрана и на другите делници. Со укинувањето на забраната, сообраќајот се одвива нормално.

















