ПРВ.мк
Македонија

Полицајци нападнати во Ресен – сопрен возач викнал другари, па сите заедно ги претепале

Полицајци нападнати во Ресен – сопрен возач викнал другари, па сите заедно ги претепале
Escape

Полициска акција во Ресен заврши со насилен инцидент, откако полицијата сопрела автомобил „фиат“ без таблички, управуван од 26-годишниот Б.Р. Од СВР Битола информираат дека на местото пристигнале уште тројца мажи со друго возило, при што ситуацијата брзо ескалирала.

Б.Р. го стартувал возилото и со тркало му ја повредил ногата на еден полициски службеник, а друг полицаец бил удрен во раката. Потоа, сите четворица – Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј. (23) – со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле на терен. Напаѓачите се приведени, а по документирање на случајот ќе добијат соодветни пријави.

Во одделен случај, полицијата утрово околу 2:40 часот на улицата „Крушевска Република“ во Битола го привела 34-годишниот А.С. кој управувал возило под дејство на алкохол. Измерени му биле 1,80 промили алкохол во крвта, а против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно возење.

Mia Home Mavrovo