Утринските мерења покажаа дека температурите насекаде се над нулата. Најстудено беше во Берово со 1 степен, по што следуваат Крива Паланка и Струмица со по 2 степени. Во Тетово беа измерени 4 степени, додека во Прилеп и Охрид по 5 степени. Во Скопје – Петровец и во Виница температурата достигна 7 степени, а најтопло утрово беше во Куманово со 8 степени.
Како што информира Управа за хидрометеоролошки работи, денеска нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има снег. Повеќе врнежи се најавуваат во западните делови од земјата, со умерен до засилен јужен ветер.
Дневните температури ќе се движат меѓу 6 и 12 степени, а во Скопје максималната ќе достигне околу 11 степени.

















