Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Верувањето потекнува од Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. До денес, во многу култури се смета за лош знак ако на маса седат точно тринаесет луѓе.
Симболичното „баксузирање“ на бројот 13 е толку силно што многу светски аеродроми немаат писти или излези (gates) под овој број, па дури и некои авиони немаат седишта со број 13.
Стравот од Петок 13-ти има и научно име – параскевидекатриафобија, кое се однесува на чувство на непријатност или паника што се јавува исклучиво на овој датум.
Што се препорачува да не правите на Петок 13-ти:
- Не седете 13-ти на маса.
- Избегнувајте големи финансиски или ризични одлуки.
- Не пешачете сами во опасни или непознати места.
- Не започнувајте нови проекти или патувања ако сте суеверни.
Сепак, експертите напоменуваат дека стравот е повеќе психолошки отколку реален, па најдобро е да се користи овој ден за внимание и претпазливост, наместо за паника.


















