Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот Мајкл Џексон, ја раскина свршувачката со американскиот актер Џастин Лонг по три години врска. Веста самата ја сподели на социјалната мрежа „Икс“, со емотивна порака: „Ова се солзи на раскин. Повторно сите се провлекувате“.
Парис претходно во декември ја објави свршувачката преку Инстаграм, но објавата подоцна ја избриша. Во јуни изјави за „Аксес Холивуд“ дека подготовките за свадбата се во тек, со фустан во изработка и место избрано, дури и датумот го одредил астролог.
Сепак, неодамна беше снимена како сама и расплакана шета по улиците на Малибу, а минатиот месец предизвика критики бидејќи настапи на концерт на денот на годишнината од смртта на нејзиниот татко. Таа објасни дека нема влијание врз распоредот на турнејата и дека настапот не значи дека го заборавила својот татко.
„Никој не треба да ми кажува како да тагувам“, порача Парис.