ПРВ.мк
Свет

Чувар во зоолошка градина загина при напад на леопард кој избегал од кафез

Чувар во зоолошка градина загина при напад на леопард кој избегал од кафез
Escape

26-годишен чувар во зоолошка градина во Ерусалим беше пронајден во несвест и со тешки повреди по напад од леопард кој успеал да избега од својот кафез. Спасувачите го префрлија во болница во критична состојба, со сериозни повреди на вратот и горниот дел од телото, јави израелскиот медиум Ynet News, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата веднаш изврши увид и започна истрага за околностите на инцидентот, но сè уште не е познато како животното успеало да избега. Зоолошката градина засега не дала официјален коментар.

Зоолошката градина е позната по тоа што е дом на два ретки персиски леопарди, кои пристигнаа во јануари и претставуваат една од главните туристички атракции во Ерусалим.

Ова не е прв ваков инцидент во зоолошката градина. Во август минатата година чувар беше нападнат и тешко повреден од крокодил, по што друг чувар мораше да го застрела животното за да го спаси колегата.

Mia Home Mavrovo