Во раните утрински часови на 2 август 2025 година, околу 01:30 часот, избувнал голем пожар во скопската населба Лисиче, на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Огнената стихија целосно уништила две куќи, сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), додека третата, во сопственост на С.Г. (57), била делумно зафатена – изгорен е дел од кровната конструкција.
Во пожарот бил повреден С.С., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за лекарска интервенција.
Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Причините за пожарот ќе се утврдуваат во текот на денот, откако ќе се заврши увидот на местото на несреќата.
ВИДЕО