ПРВ.мк
Свет

Нема веќе тајни: Том Круз конечно ја покажа младата актерка со која е во врска

Нема веќе тајни: Том Круз конечно ја покажа младата актерка со која е во врска
Escape

Том Круз и 26 години помладата актерка Ана де Армас веќе не се кријат – романтиката за која со месеци се зборуваше доби официјална потврда кога двојката беше уловена како се држи за рака на улиците на Вермонт.

Иако досега гласините околу нивната блискост се поврзуваа со заедничките филмски ангажмани, последниот појавување на парот во јавност целосно го расчисти сомнежот: тие се заљубени! Без помпа и без големи најави, актерите прошетаа опуштено и покажаа дека меѓу нив постои нешто повеќе од професионален однос.

Папараците ги снимиле и на роденденот на Дејвид Бекам, како и на концерт на Оејзис во Лондон, но токму последната прошетка со држење за рака стави крај на сите шпекулации – љубовта е вистинска и официјална.

За Том ова е прва јавна врска по подолго време, додека Ана, освен што е воодушевена од новата романса, го гледа Круз и како ментор. Според извор за магазинот „Пипл“, таа ја доживува нивната соработка како остварување на долгогодишен сон.

Двајцата наскоро ќе започнат со работа на заеднички филмски проект под името „Deeper“, што ќе биде и нивна прва официјална соработка на големото платно. Холивуд доби нов славен љубовен пар – и јавноста со нетрпение очекува што ќе следи.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo