ПРВ.мк
Свет

Хаос во германскиот железнички сообраќај по нова саботажа – запален уред и сериозни оштетувања

Хаос во германскиот железнички сообраќај по нова саботажа – запален уред и сериозни оштетувања
Escape

Во Германија, железничкиот сообраќај е во голем прекин поради нов инцидент што се истражува како саботажа. Запален е уред сличен на оној што беше пронајден вчера, предизвикувајќи дополнителни оштетувања, поради што поправките ќе траат подолго од првично очекуваното, соопшти државната железничка компанија „Дојче Бан“, пренесува „Дојче Веле“.

Група наречена „Командос на лутите птици“, која е левичарски ориентирана, ја презеде одговорноста за нападот, но полицијата сè уште ја истражува точноста на овие обвинувања.

Овој инцидент сериозно го наруши функционирањето на една од најпрометните железнички линии во Германија, каде дневно поминуваат над 620 патнички возови, без товарните. Како одговор, „Дојче Бан“ организираше автобуско превозно замена и пренасочи некои меѓуградски линии преку Дортмунд и Вупертал, додека градежните работи на товарната линија кај Дуизбург привремено се запрени за да се овозможи пренасочување на сообраќајот.

Сепак, хаосот не е спречен – многу патници останаа заглавени на главните железнички станици во Дуизбург и Дизелдорф, а има бројни доцнења и откажувања на меѓународните и локалните линии. Сообраќајот помеѓу Дизелдорф и Дуизбург, вклучувајќи и пристапот до железничката станица на аеродромот во Дизелдорф, е делумно прекинат.

Вчера, пожар избувна во кабелски тунел што минува под главната железничка линија меѓу Дизелдорф и Дуизбург во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Пожарот ги парализираше возовите, вклучително и брзите (ICE), а шест кабли од системот за контрола на железничкиот сообраќај беа оштетени, според полицијата, што укажува на саботажа.

Овој сериозен напад ја доведе во прашање безбедноста на железничкиот транспорт и ја зголеми тензијата во Германија во време кога инфраструктурната стабилност е критична.

Mia Home Mavrovo