ПРВ.мк
Магазин

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Мачките кријат клуч за лек против рак на дојка?!

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Мачките кријат клуч за лек против рак на дојка?!
Kristal

Она што досега го сметавме само за љубов кон домашните миленици, можеби крие многу повеќе. Ново меѓународно истражување покажува дека мачките би можеле да помогнат во разбирање – па дури и во лекување – на одредени форми на рак, особено ракот на дојка.

Тим научници од областа на ветеринарната и хуманата медицина анализирале околу 500 тумори кај домашни мачки од пет различни земји, опфаќајќи 13 видови карцином. Фокусот бил ставен на генетските мутации, односно промените во ДНК што го предизвикуваат развојот на ракот.

Резултатите откриле изненадувачки сличности меѓу луѓето и мачките. Особено внимание привлекол генот FBXW7 – познат и во хуманата медицина. Кај повеќе од половина од испитаните тумори на млечните жлезди кај мачките, токму овој ген бил мутиран. Иако ваквата мутација е ретка кај жените, таа предизвикува исклучително агресивен облик на рак.

Она што дополнително ја зголемува надежта е фактот дека кај мачките оваа мутација е почеста, што овозможува полесно тестирање на насочени терапии во ветеринарни услови. Швајцарски истражувачи веќе тестирале два хемотерапевтски третмани кои покажале силен ефект врз овие тумори.

Иако потребни се дополнителни испитувања, научниците веруваат дека ова може да биде чекор кон нови, поефикасни третмани – и за луѓето и за животните. Наместо само миленици, мачките можеби стануваат и сојузници во борбата против ракот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo