Чаша вино секоја вечер често се смета за здрава навика, но дали тоа е вистина или мит? Лекарите предупредуваат дека дури и малото консумирање алкохол, како една чаша дневно, може да доведе до зголемување на телесната тежина, што пак го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.
Истражувањето, кое опфатило податоци од повеќе од 400.000 жители на Велика Британија, ја продолжува долготрајната дебата за влијанието на умереното пиење.
Некои студии покажуваат дека умереното консумирање алкохол може да го намали ризикот од одредени болести. Но, други истражувања укажуваат дека дури и мало количество алкохол носи ризик.
Според најновите податоци, со секој дополнителен пијалак, телесната тежина се зголемува во просек за 0,36 килограми, а шансите за развој на дијабетес тип 2 се поголеми за 10 проценти.
„Не е изненадување што оние кои редовно пијат се посклоно кон дебелеење отколку оние што не пијат. Се надеваме дека нашето истражување ќе им помогне на луѓето да ги разберат ризиците од алкохолот и да го изберат здравиот начин на живот“, вели Кристофер Сноудон, од Институтот за економски прашања.

















