ПРВ.мк
Магазин

Новата 2026 веќе патува низ светот: Кој прв, а кој последен ја пречекува?

Новата 2026 веќе патува низ светот: Кој прв, а кој последен ја пречекува?
Kristal

Први новата година ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а последни ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд (1 јануари во 13 часот по македонско време). Значи, Новата година „патува“ цели 26 часа низ светот.

Во Македонија, празнични забави ќе има во сите градови, а во Скопје централната програма „Новогодишна зимска бајка“ ќе се одржи на плоштадот „Македонија“. Настанот ќе започне во 19:45 часот со Миле Кузмановски, а ќе следуваат Огнен Здравковски, Дина Јашари, легендарните Куку Леле, Тамара Тодевска, како и настапите на Пајак, Лара и Два Бона. Кулминацијата и магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи Каролина Гочева.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да присуствуваат на програмата што, според него, ги поврзува сите генерации и ќе создаде незаборавен дочек на Новата 2026 година.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape