ПРВ.мк
Свет

Драматични информации од Москва: Рамзан Кадиров итно хоспитализиран, „едвај реанимиран“ по ненадејно влошување на здравјето

Драматични информации од Москва: Рамзан Кадиров итно хоспитализиран, „едвај реанимиран“ по ненадејно влошување на здравјето
Kristal

Чеченскиот лидер и близок сојузник на Кремљ, Рамзан Кадиров, бил итно хоспитализиран во Москва ноќта меѓу 24 и 25 декември, откако нагло му се влошила здравствената состојба, објавува „Украинска правда“, повикувајќи се на извори на „Новаја газета Европа“.

Кадиров допатувал во руската престолнина за да присуствува на состанок на Државниот совет со кој претседавал рускиот претседател Владимир Путин, но на состанокот воопшто не се појавил. Наместо тоа, според неофицијалните информации, бил пренесен со амбулантно возило во Централната клиничка болница на претседателската администрација на Руската Федерација.

Извори тврдат дека неговата состојба била критична и дека лекарските екипи „едвај успеале да го реанимираат“ во Москва. По стабилизирањето, Кадиров бил вратен во Чеченија, по што целосно исчезнал од јавноста и не се појавил на ниту еден официјален настан.

Ова не е првпат годинава да се појават информации за сериозни здравствени проблеми кај чеченскиот лидер. Претходно во 2025 година, тој бил хоспитализиран во приватна клиника во Грозни, а според истите извори, неговата состојба оттогаш постепено се влошувала.

Самиот Кадиров во неколку наврати јавно призна дека се соочува со „нервни сломови“ и постојано чувство на психолошка напнатост, што го поврзува со загриженоста околу учеството на чеченските борци во војната во Украина.

Истражување на „Новаја газета Европа“ претходно укажа дека долготрајното нарушување на здравјето на Кадиров веќе отворило процеси за можна промена на власта во Чеченија. Потсетување дека уште во мај оваа година, Кадиров јавно изјави дека побарал да биде разрешен од функцијата, иако Кремљ тогаш не даде официјален одговор.

Ситуацијата околу здравјето на чеченскиот лидер и понатаму останува обвиена со тајност, а руските власти засега не излегоа со официјално соопштение.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape