ПРВ.мк
Магазин

ИМААТ 275 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, А ДЕЦАТА ЌЕ ДОБИЈАТ – НИШТО!

ИМААТ 275 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, А ДЕЦАТА ЌЕ ДОБИЈАТ – НИШТО!
Kristal

Холивудскиот пар Ештон Качер и Мила Кунис важат за едни од најбогатите и најприземјени ѕвезди, со заедничко богатство проценето на околу 275 милиони долари. Но, и покрај огромниот имот, тие донеле неочекувана одлука – нивните деца нема да наследат ниту цент.

Качер (47) и Кунис (42), во брак повеќе од една деценија, имаат две деца кои ги растат далеку од јавноста. Наместо луксузно наследство, актерите избрале поинаков пат.

„Нашите пари нема да им ги оставиме ним. Ќе ги донираме во добротворни цели“, изјави Качер уште во 2018 година, став кој и денес го почитуваат. Според него, децата веќе живеат привилегиран живот и нема потреба да добијат „готов успех“.

Сепак, тоа не значи дека нема да им помогнат – но само ако покажат труд и визија. „Ако имаат добра бизнис-идеја, ќе инвестирам. Но пари на готово – не“, потенцира актерот.

Нивната филозофија произлегува од тешкото детство. Мила пораснала во сиромаштија и како дете од Украина се преселила во САД со само 250 долари. Ештон, пак, растел во работничко семејство во Ајова.

Денес, покрај актерската кариера, Качер е и успешен инвеститор со вложувања во компании како Uber, Airbnb и Spotify.

Наместо богатството да го остават како наследство, тие решиле да го вратат на општеството – со јасна порака дека парите не треба да го заменат трудот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo