ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРИ СЕСТРИ СКОКНАЛЕ ОД ДЕВЕТТИ СПРАТ ПОРАДИ ОДЗЕМЕНИ ТЕЛЕФОНИ

ТРИ СЕСТРИ СКОКНАЛЕ ОД ДЕВЕТТИ СПРАТ ПОРАДИ ОДЗЕМЕНИ ТЕЛЕФОНИ
Kristal

Страшна трагедија ја потресе Индија откако три малолетни сестри – на 12, 14 и 16 години – го загубија животот откако скокнале од балконот на својот стан на деветти кат, во градот Газиабад, сојузната држава Утар Прадеш. Несреќата се случила околу 2:15 часот по полноќ.

Според локалните медиуми, трагедијата следела откако родителите им ги одзеле мобилните телефони, што, како што наведува полицијата, силно влијаело врз девојчињата. Нивните крици биле толку гласни што ги разбудиле родителите, соседите и обезбедувањето во зградата, но кога вратата била насилно отворена – веќе било предоцна.

Полицијата потврдила дека станува збор за ќерки на Четан Кумар, а сцените по настанот биле потресни – телата на девојчињата пред зградата, мајката во солзи и шокирани соседи.

Истражителите пронашле проштална порака од осум страници, во која девојчињата му се извиниле на таткото. Во неа напишале дека биле опседнати со корејската култура, музика и серии, до тој степен што усвоиле и корејски имиња.

„Тато, извини. Кореја е нашиот живот, нашата најголема љубов. Не можеме да се откажеме од тоа“, стоело во пораката.

Во нивната соба биле пронајдени и вознемирувачки пораки на ѕидовите, меѓу кои: „Многу сум осамена“ и „Ова ме крши“.

Полицијата ја продолжува истрагата, а јавноста во Индија е длабоко потресена од овој трагичен случај.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo