Многу корисници ширум светот во последните недели се соочија со неочекуван проблем – апликацијата за стриминг одеднаш престана да работи на нивните телевизори и уреди. Сепак, не станува збор за техничка грешка.
Платформата редовно го обновува својот софтвер, а со новите ажурирања некои постари уреди повеќе не се компатибилни со системот. Поради тоа, дел од корисниците останаа без пристап до омилените серии и филмови.
Меѓу уредите кои повеќе не се поддржуваат се наоѓа и популарната конзола PlayStation 3, која беше претставена уште во 2006 година. Во периодот кога стриминг услугите почнуваа да се развиваат, оваа конзола беше една од најкористените опции за гледање содржини преку интернет.
Исто така, проблемот може да ги погоди и постарите паметни телевизори од брендови како Samsung, LG, Sony и Panasonic, особено ако се произведени пред околу една деценија. Слична ситуација има и со некои постари телефони и таблети.
Сепак, постои лесен начин повторно да се користи платформата без купување нов телевизор. Најчесто е доволно да се поврзе надворешен уред преку HDMI приклучок. Меѓу популарните решенија се PlayStation 5, Xbox Series X, Apple TV 4K, Nvidia Shield TV, како и Google Chromecast или Amazon Fire TV Stick 4K.


















