ПРВ.мк
Свет

Швајцарија отвора фонд по трагедијата – еве по колку пари ќе добијат семејствата на жртвите!

Швајцарија отвора фонд по трагедијата – еве по колку пари ќе добијат семејствата на жртвите!
Kristal

По трагичниот пожар што ја потресе туристичката област Кран-Монтана, властите во Швајцарија донесоа одлука за финансиска поддршка на погодените семејства.

Според најавите, ќе биде исплатена сума од околу 55.000 евра за секое лице кое го загубило животот или било хоспитализирано како последица од пожарот. Средствата имаат за цел барем делумно да им помогнат на семејствата и на повредените во периодот по несреќата.

Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста и отвори бројни прашања за безбедносните мерки во објектите во овој познат алпски регион, кој секоја година привлекува голем број туристи.

Надлежните служби започнаа истрага за да утврдат како дошло до пожарот и дали биле почитувани сите прописи за заштита од вакви несреќи. Во меѓувреме, локалните власти најавија и дополнителни проверки на безбедносните стандарди во туристичките објекти.

Финансиската помош е дел од поширок пакет мерки со кои институциите се обидуваат да им помогнат на луѓето директно погодени од трагедијата, додека истрагата продолжува и се очекуваат нови информации за причините за несреќата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo