Тие се еден од најатрактивните парови на светската сцена – таа е една од најубавите жени на светот, а тој е славен голман. Но сега, вниманието не го привлекуваат со модни комбинации или настапи на теренот, туку со својата страст и искреност за интимниот живот.
Бразилската убавица Изабел Гуларт (40), поранешен „ангел“ на Victoria’s Secret и модел во Sports Illustrated, веќе девет години е во врска со германскиот голман Кевин Трап (34). И покрај шестгодишната разлика во години, нивната љубов е сè посилна – и многу гласна.

Изабел неодамна го прослави роденденот на својот партнер со емотивна порака на Инстаграм, нарекувајќи го „најневеројатниот маж кој го познава“, и призна дека неговата љубов и добрина ја оставаат без зборови. Но токму нивните отворени изјави за сексуалниот живот ги оставија фановите во неверување.
„Имаме секс четири до пет пати дневно“, изјавила манекенката уште пред неколку години, откривајќи детали што ретко кој пар би ги споделил јавно. Но, има едно правило: ако Трап загуби натпревар – нема интимност. „Дури ни високи потпетици или секси долна облека не помагаат тогаш“, изјавила Изабел.
Доколку, пак, тој победи, следува славење до раните утрински часови. Таа и Кевин се запознале во Париз во 2015 година, се свршиле во 2018, иако нивната венчавка сè уште се чека со нетрпение – особено поради очекувањата дека Изабел ќе блесне како невеста со совршената фигура по која е препознатлива.

Изабел не верува во строги диети – вежба редовно, сака пилатес, јога, трчање, кик-бокс и вежби за отпорност. По тренинг, секогаш се освежува со домашно направен протеински шејк.
Нивната љубовна приказна е комбинација од гламур, страст и дисциплина – и токму затоа, секое нивно појавување или изјава станува вест.