Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на горивата, која стапува на сила од 11 август 2025 година.
Бензините поевтинуваат за 0,5 денари по литар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се поевтинуваат за 1 денар по литар.
Нови цени на бензините:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,00 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,00 денари/литар
Намалување и кај дизелот:
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 67,50 денари/литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 67,00 денари/литар
Одлуката е донесена според одредбите за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт и ќе важи за следниот ценовен период.