ПРВ.мк
Економија

Добри вести за пензионерите - Премиерот најави ново линеарно покачување!

Добри вести за пензионерите - Премиерот најави ново линеарно покачување!
Escape

Премиерот Христијан Мицкоски најави позитивна мерка што ќе донесе финансиско олеснување за највозрасните граѓани – сите пензионери ќе добијат линеарно зголемување на пензиите. Според планот, во наредните шест месеци ќе им се исплатат дополнителни 2.000 денари – по 1.000 денари во октомври и во април.

„Каде и да одам, пензионерите бараат линеарно зголемување. Затоа сме многу блиску до носење на ваква одлука“, изјави Мицкоски во гостувањето на Канал 5, нагласувајќи дека оваа мерка е директна поддршка за нив и израз на благодарност за нивниот животен труд.

Владата веќе прави проценки за процентуалното зголемување и вкупната сума што ќе се подели подеднакво. Целта е јасна – поголема правда и достоинствена старост за сите пензионери.

Mia Home Mavrovo