Во близина на Штип денеска официјално почна изградбата на голем ветерен парк, кој со инвестиција од 500 милиони долари ќе постави 55 ветерници и ќе произведува струја доволна за повеќе од 100.000 домаќинства.
Премиерот Христијан Мицкоски го означи стартот на проектот како голем чекор кон енергетската независност и развој на обновливите извори на енергија. „Ова е првата фаза од она што го ветивме и модел како треба да се движиме понатаму“, рече Мицкоски.
Инвестицијата, најавена веднаш по изборот на новата влада, е јасен сигнал дека Македонија се позиционира како конкурентна и зелена економија. Премиерот посочи дека минатата година е рекордна по странски инвестиции, со раст на извозот, туризмот и индустријата.
Вицеремиерот Александар Николоски потенцираше дека ветерниот парк е симбол на развој и прогрес, инспириран од успешните примери во Северна Европа, и дека ќе донесе директни и индиректни придобивки за економијата и локалните општини.
Директорот на инвеститорот „Алканзар енерџи партнерс“ и министерката за енергетика исто така ја потенцираа важноста на проектот за иднината на енергетскиот сектор во Македонија.