Во Прилеп вчера наутро беше пронајден починат 64-годишен маж, кој работел како обезбедување во стражарската куќичка во објект на поранешна фабрика на улицата „Карпалак“.
Случајот бил пријавен во 07:13 часот во ОВР Прилеп, а на местото на настанот интервенирала екипа од Итната медицинска помош, која констатирала смрт. Истражен тим од полицијата извршил увид на локацијата.
Според првичните информации, на телото не биле забележани траги на насилство, па причините за смртта засега се предмет на дополнителни проверки.


















