На 8 март 2026 година околу 23:50 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на ул. „Тоде Думба“ во Куманово.
Според полициското соопштение, судир направиле два „Фолксваген“ автомобили со кумановски регистарски ознаки – едното управувано од 28-годишната К.П., а другото од 29-годишната А.Н. од Куманово. Во несреќата биле удрени и три паркирани патнички возила.
Во несреќата, К.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека А.Н. имала полесни телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Куманово.


















