ПРВ.мк
Црна Хроника

Тинејџер трагично загина на плажа во Италија – песок го затрупал додека копал дупка со браќата

Тинејџер трагично загина на плажа во Италија – песок го затрупал додека копал дупка со браќата
Escape

Тешка трагедија се случи на неуредена плажа во Италија, каде 17-годишно момче почина откако врз него се урнал песокот од дупката што сам ја копал. Според италијанската агенција АНСА, тинејџерот заедно со своите помлади браќа копал дупка длабока околу 1,5 метар, но во моментот на несреќата останал сам во неа.

Песокот ненадејно се урнал и целосно го затрупал младиот турист, додека браќата биле настрана. Таткото веднаш започнал потрага, а капачите се обиделе да му помогнат, но безуспешно.

И покрај брзата интервенција на пожарникари, карабинери и спасувачи, лекарите само ја констатирале смртта. Плажата не била под надзор, а локалните власти упатија апел за претпазливост и почитување на правилата за безбедност, особено на дивите плажи без спасувачи.

Истражните органи го испитуваат случајот.

Mia Home Mavrovo