Вчера, на 15.02.2026 година, во 11:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во Ургентниот центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот.
„Веднаш било постапено и констатирано дека се работи за петнеделно бебе на И.А. (37) од Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а надлежните органи продолжуваат со активности за целосно расчистување на случајот.
















